Скопје
Студенти по медицина протестираа против Законот за медицински студии
„Не сме експериментални глувчиња“, „Увоз на реформи = извоз на доктори“, „Учиме за да бидеме доктори, а не пациенти“, „Едукација не егзекуција“, „Спасете ни го образованието“, „Се запишам на медицина за да спасувам животи, после законот сакам само да го спасам својот“, се дел од пораките испишани на транспарентите што во петок на пладне ги носеа студентите по медицина, кои пред Министерството за здравство, протестираа против измените на Законот за медицински студии.
Студентите бараа средба со министерот Никола Тодоров, револтирани од измените на Законот за медицински студии и континуирано усовршување на докторите на медицина.Сакаа да им се објасни зошто е потребно да полагаат државен испит на крајот од втората и четвртата година од студиите и кои предмети ќе бидат опфатени.Студентите велат дека ваквите измени се вментати во Законот за медицински студии, без консултација со експертската јавност.Студентите бараа измена или укинување на овој закон, особено член 5 и член 6, кои што сметаат дека се несоодветни, нејасни и невозможни за остварување. За законските измени велат не ги засегаат само нив, туку и наредните генерации.Сметаат законот задира во автономијата на универзитетот поради строгите одредби за полагање на државниот испит за лиценца, како и поради измените за полагањето предмети и условот за запишување следна година. Студентите најавија дека нивните протести може да продолжат и во наредниот период./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

