Скопје
Тесла конвој 2014 пристигна во Скопје
Во македонската престолнана Скопје пристигна во саботата иницијативата „Тесла конвојот 2014“ и пред македонската јавност беше презентирано електричното возило „Тесла модел С”, во рамките на активностите на Европската недела на мобилност.
Во македонската престолнана Скопје пристигна во саботата иницијативата „Тесла конвојот 2014“ и пред македонската јавност беше презентирано електричното возило „Тесла модел С”, во рамките на активностите на Европската недела на мобилност.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, притоа, се сретна со претставници на „Тесла конвојот 2014“, Илија Вучков, претседател на ЕМКИЦЕ (Европско-македонски центар за иновации и знаење) и со Саша Цветојевиќ, сопственик на возилото од Загреб, при што им ја изрази својата поддршка на оваа иницијативата која има за цел да ја популаризира употребата на електрични и хибридни возила во Југоисточна Европа, да ја подигне свеста за почиста и поздрава животна средина и за креирање зелен коридор со станици за полнење на електрични возила.
По средбата градоначалникот Трајановски и претставниците на „Тесла конвојот 2014“ заедно со автомобилот „Тесла модел С” се упатија кон плоштадот „Македонија“, каде беше презентиран пред граѓаните.
„Градот Скопје се вклучи во Неделата на мобилност преку голем број настани и проекти, а денеска се вклучуваме во иницијативата ’Тесла конвој 2014’ за промоција на бенефитите од користењето на електромобилите. Овие возила се еколошки и не загадуваат, не прават бучава, а имаат и голем економски бенефити. Ова возило со едно полнење од 85 киловат часови може да помине околу 400 километри, што би чинело околу 350 денари“, рече Трајановски.
„Тесла конвојот 2014“ е иницијативата која има за цел да ја популаризира употребата на електрични и хибридни возила во Југоисточна Европа, да ја подигне свеста за почиста и поздрава животна средина и користење нови иновативни технологии, заемна соработка за користење ЕУ фондови, поддршка на инженерите претприемачи од страна на бизнис ангели и ментори и за креирање зелен коридор со станици за полнење на електрични возила.
Во рамките на иницијативата „Тесла конвој 2014“ електричното возило „Тесла модел С” ќе помине пат долг 2.200 километри низ градовите во регионот за да ги промовира електричните возила и потребата од поставување станици за полнење на електрични возила.
Градот Скопје ја поддржува идејата за електромобилност. Во јули годинава градските власти на македонската престолнина промовира пет електромобили и десет електровелосипеди на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ кои им се ставени на располагање на граѓаните.
Цената на билетот за електромобилите изнесува 50 денари по лице, за една тура за разгледување која во просек ќе трае 20 минути. На оваа рута се предвидени пет стојалишта: пред спомен обележјето Мајка Тереза, на плоштадот „Македонија“, Порта Македонија, пред споменикот Филип II Македонски и кај мостот „Око“/крај/мф/нн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

