Скопје
Тополите во Паркот на новинарите исечени оти оштетиле автомобили
Градот Скопје реагира на информациите објавени во дел од медиумите во врска со исечените дрвја на пакрингот до Паркот на новинарите во Општина Центар, објаснувајќи притоа дека се работи за исечени дрвја кои веќе нанеле штета на паркирани автомобили.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека во текот на изминативе денови, по поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета, оштетени беа поголем број моторни возила и објекти. Точно во Паркот на новинарите, дрво падна врз повеќе возила, при што беа оштетени два автомобила марка ‘опел корса’ и ‘мазда’. Екипи на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’, по извршениот увид на МВР и изготвениот записник за сторената штета, пристапија кон расчистување на искршените гранки и стебла, при што беа исечени 3 тополи на паркингот до Паркот на новинарите“, се вели во соопштението. Екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ реагирале и во Старата скопска чаршија, на булеварот „8-ми Септември“, кај „Тутунска Банка“ и на уште неколку локации каде што имаше паднати гранки и оштетени дрвја. Од Градот Скопје истакнуваат дека заедно со ЈП „Паркови и зеленило” на терен постапуваат во насока на заштита на населението и на јавните материјални добра и поради тоа ги отстрануваат дрвјата што претставуваат закана за општата безбедност.Акцијата за сечење на тополите на територијата на градот Скопје се изведува врз основа на Одлука-Програма за работа на „Паркови и зеленило“ за 2015 година, донесена од Советот на Град Скопје и поддржана од сите советнички групи. Ќе биде имплементирана во сите програми за работа на „Паркови и зеленило“ во наредните години, затоа што бројот на тополите во Скопје е многу голем и ќе биде потребно време тие да се исечат и да се заменат со садници кои не се штетни по здравјето на луѓето, имаат позитивни еколошки карактеристики и кои не претставуваат опасност по безбедноста на минувачите и материјалните добра на граѓаните. Скопските градски власти нагласуваат дека последниве пет години на подрачјето на градот се спроведува интензивна акција за подигање нови зелени површини и за засадување нови дрвја.Градот Скопје ќе продолжи интензивно да работи на зазеленување на јавните површини и на засадување нови дрвја како една од приоритетните заложби за чиста и здрава средина./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




