Контакт

Скопје

Трајановски даде отчет за сработеното и најави нови прокети

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во понеделникот се осврна на проектите што Градот Скопје ги реализира во годинава што изминува, а ги најави и градските проекти што се планираат за наредната 2015 година.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Годинава што полека ја оставаме зад нас за Градот Скопје беше успешна. Завршивме значајни инфраструктурни проекти и решивме долгогодишни проблеми на граѓаните. Скопје во 2014 година наликуваше на големо градилиште. Се пробиваа и прошируваа улици, се градеа нови објекти и плоштади, се подобруваше водоводната и канализациската мрежа, се реновираа училишта, се подобруваше јавната хигиена, се засадуваа дрвја, се организираа културни и спортски манифестации… Ќе споменам дека во 2014 година го проширивме и реконструиравме првиот дел од улицата Трета македонска бригада, која прерасна во широк и проточен булевар; се проширува третиот дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов; се проширува улицата Јордан Мијалков; се гради кружен тек на булеварот Партизански одреди, кај Порта Влае; ја проширивме крстосницата кај Шумарскиот факултет; ги обновивме крајните сообраќајни ленти пред пет автобуски стојалишта. Подигавме и нови парковски површини – покрај булеварот Февруарски поход, по должината на проширениот дел од булеварот Трета македонска бригада и покрај булеварот Видое Смилевски Бато, а се уредува и нова зелена површини во паркот „Македонија“. Сакам да споменам и неколку други проекти што се реализираа или почнаа да се реализираат во 2014 година: се изведува третата фаза од фекалниот колектор во населеното место Инџиково; реконструирана е атмосферската канализациска мрежа на улицата Финска, на булеварот Киро Глигоров, под стоковната куќа „Мост“ и на улицата Павел Шатев, кај подвозникот; општините Кисела Вода и Аеродром добија подземни контејнери; ја расчистивме големата дива депонија на улицата Гарсија Лорка во Шуто Оризари и на тој простор засадивме 100 зимзелени дрвја; вложивме 33,5 милиони денари за реконструкција на 15 средни училишта; го обезбедивме железничкиот премин кај Усје; и многу други проекти“, рече Трајановски.

 

Трајановски додаде дека во Градот Скопје во моментов интензивно се работи на подготовка на многубројни проекти за наредната, 2015 година, а акцент ќе биде ставен на големите инфраструктурни зафати.

 

„За наредната 2015 година на подрачјето на Општина Чаир се планирани неколку поголеми инвестиции: делумно проширување на булеварите Христијан Тодоровски Карпош, Цветан Димов и Никола Карев. Во соработка со службите на Општина Чаир веќе работиме на расчистување на имотно-правните односи. Како најголем проект кој во моментов се реализира на подрачјето на Општина Карпош е третата и последна фаза од проектот за реконструкција и проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, а кој својата завршница ќе ја доживее наредната година, напролет. Во Буџетот за 2015 година предвидовме и средства за реконструкција на фекалната мрежа од улицата Московска, по должината на булеварот Партизански одреди, а се разгледува и проектот за изградба на кружен тек кај ХУБО маркетот. Како едни од најголемите инфраструктурни проекти кои ќе се реализираат на подрачјето на Општина Аеродром во 2015 година ќе ги најавам втората фаза од проектот за реконструкција и проширување на булеварот Трета македонска бригада, како и продолжувањето на булеварот АСНОМ кон населбата Горно Лисиче, на потегот од улицата Февруарски поход до улицата Тодор Чангов. Се планира изградба на фекалниот колектор по должината на булеварот Видое Смилевски Бато, а ја подготвуваме и техничката документација за десниот колектор од булеварот Србија до препумпната станица. Во Општина Бутел, нареднава 2015 година планираме да изградиме нов атмосферски колектор кај подвозникот на улицата Боца Иванова до реката Серава. Планираме реконструкција на улицата Ќемал Сејфула, на потегот од улицата Втора македонска бригада до улицата Босна и Херцеговина. Во наредниот период треба да се реализира и пробивањето и изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Се подготвуваме за реконструкција и на дел од улицата Александар Урдаревски, како и за доизградба на фекалната канализација во село Љуботен, во соработка со општината Бутел. Наредната 2015 година ќе ги уредуваме и тротоарите по улиците Радишанска и Ферид Бајрам. На подрачјето на Општината Ѓорче Петров во 2015 година ќе се догради кружниот тек на крстосницата на булеварот Партизански одреди и на улицата Ѓорче Петров, еден од најголемите инфраструктурни проекти во Скопје. На расчистување на имотно-правните односи периодов се работи за трасата на улицата Борис Сарафов, по што ќе следува нејзино проширување и реконструкција. Ќе ја споменам и изградбата на пречистителната станица во Волково, како многу значаен проект за унапредување на животната средина, во чие финансирање ќе учествува и Градот Скопје. Ја разгледуваме и можноста да се пробие уште еден крак на булеварот Македонска војска кон Хром. Најголемиот проект што ќе следува на подрачјето на Општина Шуто Оризари е проектот за подобрување на водоснабдувањето со изградба на нов систем за снабдување со вода. На подрачјето на општината Сарај за наредната година се планира реконструкција на улицата Сарај со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Она што ќе го окупира нашето внимание на подрачјето на Општина Центар е дооформувањето на Малиот ринг и проширувањето на улицата Даме Груев, каде што треба да се урива дел од една зграда. Наредната 2015 година ќе се догради улицата Јордан Мијалков. Планираме да го прошириме и делот од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, од булеварот Свети Климент Охридски до Клубот на пратеници, а размислуваме и за реконструкција на улицата Тодор Александров. Во центарот на градот продолжува проектот за обнова на фасадите на неколку објекти. Во наредната година ќе се подготвуваат проектите за изградба на кружни текови на вкрстувањето на Јужен булевар со булеварите Свети Климент Охридски и со Кочо Рацин. Интензивно се подготвуваме за реконструкција на улицата Маџари, во Општина Гази Баба. Ќе работиме и на изградба на фекална канализација на патот од село Трубарево до Идризово, како и на изградба на фекална канализација за селата Црешево, Смиљковци и Виниче. Наредната година очекуваме да се догради фекалниот колектор во Инџиково. Ќе се проширува раскрсницата на улицата Благоја Стефковски со улицата Маџари, а ќе се работи и на проектот за проширување на булеварот Александар Македонски до клучката „Дијамант“. Во 2015 година на подрачјето на Општина Кисела Вода се планира булеварот Борис Трајковски да се прошири во должина од два километра, од поранешната фабрика „Стакларница“ до Пинтија. Ќе работиме и на проектот за пробивање на улицата Есенинова, којашто е врска меѓу булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада, како и на проектот за продолжување на булеварот Србија од Усје до улицата Христо Татарчев. Градот Скопје со своите проекти нема да заобиколи ниту еден сегмент од општественото живеење, а ќе понудиме многубројни случувања од областа на културата, спортот и забавата“, истакна градоначалникот Трајановски. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;

– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет18 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија18 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија19 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија23 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет23 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија24 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет2 дена

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...