Скопје
Трајановски: Локалитетот Скупи наскоро ќе прерасне во голема туристичка атракција
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за култура, Елизабета Канческа – Милевска и градоначалникот на општината Карпош, Стевчо Јакимовски, во среда го посетија археолошкиот локалитет Скупи, каде што почнаа работите за реставрација на амфитеатарот и придружните објекти.
„Археолошките истражувања на театарот во локалитетот Скупи, на гледалиштето и на сценската зграда, коишто се спроведуваа во текот на изминатите три години, се целосно завршени. Денеска имавме можност да погледнеме дел од предметите пронајдени во фазата на истражувањата. Имено, во изминатите три години на овој локалитет се пронајдени околу 8.500 вредни артефакти од различни периоди – античкиот, римскиот, средновековието… Во наредниот период продолжуваме со работите за конзервација и реставрација на сценската зграда и на гледалиштето. Очекуваме дека во 2017 година овој значаен локалитет ќе биде ставен во функција“, рече министерката Канческа-Милевска.
Градоначалникот Коце Трајановски нагласи дека локалитетот Скупи наскоро ќе прерасне во голема туристичка атракција.
„Градот Скопје веќе го донесе и регулацискиот план за овој дел. Со завршувањето на работите за конзервација и реставрација на античкиот театар во локалитетот Скупи пред посетителите ќе се отвори најголемиот театар од ваков тип во нашава земја, со капацитет од околу 9.000 места“, нагласи градоначалникот Трајановски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




