Скопје
Трајановски: Поплавите не беа предизвикани заради попуштање на браните на Смилковското и Стајковското езеро
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во четврток изврши увид на поголем број на локации во населеното место Сингелиќ каде се извршуваат активности за расчистување на теренот.
Трајановски, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, посетија повеќе локации каде се работи на санација на оштетената инфраструктура, односно каде пред два дена започна санацијата на цевките во отворените канали и премините. На терен се констатира дека каналите на повеќето премини се целосно санирани и истите се целосно оспособени за одвивање на сообраќај.Во рамките на теренските посети, градоначалникот Трајановски, придружуван од градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, го посетија Стајковското езеро, со цел да направат увид во состојбата на браната и коритото на езерото и евентуалните претрпени штети од поплавите. „Водата од Стајковското езеро не е излеана и браната ја задржала водата во рамките на коритото. Како што може да видите, коритото не е пробиено, со што се побиваат дел од шпекулациите дека поплавите се надојдени со попуштањето на браните на Смилковското и Стајковското езеро“, кажа градоначалникот Трајановски. Градоначалниците Трајковски и Трајановски подоцна посетија поголем број на локации каде екипи на јавните претпријатија и волонтери чистеа на терен во населеното место Сингелиќ. Едно од локациите каде се одвиваше голема акција за чистење е дворот на црквата „Свети Ѓорѓија“, каде работеа претставници од јавните претпријатија, Армијата на Република Македонија и доброволци од Општина Кривогаштани.Во рамките на теренските посети, градоначалниците ја посетија и привремената депонија во основното училиште во Сингелиќ, каде се собираше сметот од поплавените куќи. Во моментов се работи на целосно расчистување на оваа депонија и во наредниве неколку дена истата ќе биде целосно расчистена, ќе биде целосно дезинфицирана и ќе се врати во првобитната состојба за време на почетокот на училишната година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

