Скопје
Трајановски: Потребна ни е помала механизација

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија се на терен во населеното место Сингелиќ и ги расчистуваат последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.
„Активностите за расчистување на терен продолжуваат без застој, работиме со мали камиони-скипови, со камиони и цистерни, но таа механизација не е доволна и апелирам до сите фирми и компании коишто имаат помала механизација да се вклучат во расчистувањето и да ја стават на располагање“, порача скопскиот градоначалник.Тој додаде дека на терен има многу доброволци и очекуваа оваа бројка да се зголеми.Во расчистувањето на дворовите најмногу се вклучени работниците на градските јавни претпријатија, војската којашто е вклучена и во делењето на хуманитарната помош, но и многу граѓани коишто дошле со своите трактори за да ги изнесат наносите од понепристапните дворови и места, коишто потоа со поголеми камиони се носат во депониите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.