Скопје
Трет хуманитарен концерт „Аплаузи“ во Универзална сала
Под мотото „Сакам да пеам можам да пеам – сакам да свирам можам да свирам и сакам да играм можам да играм“ во среда, 3ти декември, во Универзалната сала ќе се одржи традионалниот хуманитарен концерт „Аплаузи“, со кој ќе биде одбележан Светскиот ден на лицата со хендикеп – 3 декември.
Цената на билетот е 100 денари, а средствата ќе бидат наменети за децата со посебни потреби од сите институции што ќе настапат.
Концертот ќе започне во 19 часот, а е во организација на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ во партнерство со Универзална сала, а ќе настапат деца од специјалните училишта, иснистуции и домови во Република Македонија. Покровител на третиот хуманитарен концерт „Аплаузи“ е министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
На концертот ќе настапат учесници од: ПОУ “Иднина”, ПОУ “Златен Сремец”, ДУРМОВ „Димитар Влахов”, “Завод за рехабилитација на деца и младници”, Ј.У. Детски дом “11 Октомври”, ДСУ “Свети Наум – Охридски”, ДУЦОР “Партенија Зографски”, СОС “Детско село” , ПОУ “Маца Овчарова”-Велес, Завод за рехабилитација “Кочо Рацин” Битола, Хуманитарна Асоцијација “Светот на дланка”, Ј.У. „Демир Капија”, здружение на лица со телесен инвалидитет “Скопје Мобилност”, Маца Овчарова од Велес и Завод за деца со оштетен слух Битола.
Ќе настапат и познати музички имиња кои ќе ја збогатат програмата: Влатко Илиевски, Новица и Татјана Лазаревски, Есма Реџепова, Sarah Mace, Ансамбл ,,Гоце Делчев”, Дарко Илиевски, Димитар Андоновски, Вејчеслав Поповски.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

