Скопје
Труењето на учениците во ООУ “11-ти Октомври“ – вонредна точка на седницата на Советот на општина Центар
Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на случајот со групно труење на ученици во ООУ “11-ти Октомври“, најави во четврток градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Според него, за состојбата, како вонредна точка, ќе расправа и Советот на општината на седницата во вторник, 22 септември.
Жерновски, по јавувањата од загрижени родители во средата, реагираше до училишниот одбор и ја посочи директорката како главен виновник за состојбите во училиштето.
Тој додаде дека директорката не доставила доставна книга за излезни фактури на училиштето, избрала несоодветен кандидат за професор по англиски јазик, отпуштила од работа наставници со долгогодишно искуство и најдобри резултати, лошо ги менаџира средствата, училишната менза не работи, заради што децата носат храна од дома, а хигиената во тоалетите е на најниско ниво.
„Директорката направила низа повреди од одредбите на Законот за основното образование, како: неостварување на Програмата за работа, нереализирање на плановите и програмите за воспитно-образовната работа, со што се нанесува штета на учениците, на нивните родители и на училиштето“, вели Жерновски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

