Скопје
Ученици од Темпи, Аризона, кај своите врсници во Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во петок се сретна со средношколците од Град Темпи, Аризона, од Соединетите Американски Држави, коишто традиционално, секоја година доаѓаат на меѓународна училишна размена кај нивните врсници од Скопје.
Градоначалникот Трајановски на средношколците им посака подобредојде и убав престој во Скопје и Македонија.„Скопје и Темпи имаат одлична соработка која датира од 1971 година, каде што во рамките на оваа соработка досега над 150 ученици од Скопје престојувале во Темпи и обратно. Покрај ученици, во овие размени учество имаат земено и студенти, уметници, спортисти, претставници на администрацијата, градоначалници… Се надевам дека за време на вашиот престој во Скопје ќе се стекнете со нови знаења и искуства, како и многу нови пријателства“, рече градоначалникот Трајановски.Скопје и Темпи се збратимија пред 45 години, кога за прв пат еден американски град се збратими со град во Источна Европа. Минатата година на иницијатива на господинРичард Њухајзл, кој воедно е и почесен граѓанин на Скопје, се одржа Балканска конференција на збратимени градови./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

