Скопје
Училиштата во Скопје, во вторник, редовно ќе одржуваат настава
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски,соопшти дека училиштата во главниот град во вторник ќе одржат редовна настаа и покрај најавите за штрајк на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и неодржување на настава во основните и средните училишта.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски,соопшти дека училиштата во главниот град во вторник ќе одржат редовна настаа и покрај најавите за штрајк на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и неодржување на настава во основните и средните училишта.
Градоначалникот Трајановски информираше за координацијата којашто ја имале градоначалниците со претставници на средните и основните училишта, градинките и културните институции поврзани со почетокот на второто полугодие од школската година и најавениот штрајк.
„Сакаме да информираме дека во вторник ќе започне второто полугодие од школската година и дека наставата ќе се одвива нормално во сите средни и основни училишта во Скопје, а ќе работат и сите градинки. Изминатава недела контактирани беа сите образовни институции во Скопје кои се опфатени со најавениот штрајк и досега не е пријавено од ниту една институција дека ќе се одржи штрајк. Доколку некои наставници сакаат да штрајкуваат, тоа е нивно право, а ние како надлежни институции, согласно законските прописи, ќе обезбедиме замени за сите што ќе штрајкуваат и наставата ќе се одвива нормално. Значи, сакаме да ги информираме сите ученици и нивните родители дека во Скопје второто полугодие ќе започне во вторник и наставата ќе се одвива нормално“, изјави градоначалникот Трајановски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

