Скопје
Улицата Лука Геров целосно осветлена
Целосно се завршени работите околу поставувањето на 12 нови бетонски бандери на најтемниот дел кој од улицата „ Лука Геров“ ,една од главните сообраќајни артерии во општината Ѓорче Петров.
Електричарите од „Дора–донка“ веќе ги поставија и светлечките арматури со што оваа улица конечно ќе биде целосно осветлена. Улицата „Лука Геров“ до сега беше осветлена од надвозникот пред населбата до воениот отпад. „Овој зафат е од битно значење за жителите од крајниот северозападен дел на населбата „Даме Груев“, но поставувањето на осветлување е секако добредојдено и за стопанските субјекти кои гравитираат кон главната улици. Новопоставеното осветлување има исклучително значење за учениците кој од овој дел на општината учат во основното училиштето „ Страшо Пинџур“ и се движат по оваа улица“, велат од општина Ѓорче Петров. За реализација на овој проект средствата се обезбедени од општинскиот буџет. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

