Скопје
Универзална сала преименувана во „Александар Македонски“
Јавната установа Центар за организирање приредби Универзална сала Скопје, согласно одлуката на Управниот одбор го промени својот назив во „Јавна установа конгресен центар Александар Македонски”, соопштија од таму.
Јавната установа Центар за организирање приредби Универзална сала Скопје, согласно одлуката на Управниот одбор го промени својот назив во „Јавна установа конгресен центар Александар Македонски”, соопштија од таму.
Со промената на називот се најавува изградбата на новиот објект , кој според проектната задача, ќе биде мултимедијален центар и ќе има повеќе составни делови.
Еден од нив е голема концертна сала со капацитет од 2.500 седишта која е именувана во
Универзална сала „Тоше Проески“ и две помали мултинаменски сали со капацитет од 200 и 300 седишта кои се именувани во Сала „Мајка Тереза“ и Сала „ВМРО“.
Објектот ќе има и четири конгресни сали кои се именувани како „Гоце Делчев“, „Тодор Александров“, „Методија Андонов Ченто“, „Борис Сарафов“ и шест билатерални сали кои се именувани како „Панко Брашнаров“, „Кочо Рацин“, „Глигор Прличев“, „Димитрие Чуповски“, „Крсте Петков Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

