Скопје
Уставен суд ќе одлучува за спорните ДУП–ови во Центар
Советниците на општина Центар со 11 гласа „за“ и 11 гласа „против“ го повторија истото сценарио од минатата седница на Советот и го оспорија ветото што градоначалникот Андреј Жерновски го стави врз спорните Детални урбанистички планови (ДУП) со кои се предвидува и изградба на десеткатница на Водно.
За Жерновски не може да се носат одлуки во Советот со ваков распоред на гласовите и потенцираше дека ваквата одлука ќе ја оспори пред Уставен суд.
„Не можат да се донесат одлуки со ист број гласови, затоа ова ќе го обжалам на Уставен суд, кој со техничка одлука ќе констатира дека ова сценарио е спротивно на законот“, истакна Жерновски пред членовите на Советот на општина Центар.
На ова се спротистави претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, кој рече дека плановите се донесени согласно статутот и законите.
Советниците од редовите на СДСМ во дискусии укажаа на опасноста од можно свлекување на земјиштето, делејќи го ставот на градоначалникот, кој исто така повика на одговорност доколку се загрози безбедноста на граѓаните со изградба на толку високи градби во овој реон.
Претставниците од владејачката партија, пак. ја бранеа одлуката и тврдеа дека за овие планови имало јавна анкета, во која граѓаните не биле категорично против.
Со реакција за случајот со спорните ДУП–ови се јави и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој на својот Фејсбук профил напиша: „Да гласате ЗА или ПРОТИВ решение на градоначалник за непрогласување на одлуките за донесување на ДУП е исто како парламентот да гласа ЗА или ПРОТИВ указот на претседателот на РМ за непрогласување на закон“.
Деталните урбанистички планови од Советот на општината Центар сега се селат во Уставиот суд. За судбината на плановите „Тасино Чешмиче“ и „Капиштец – Водно“ ќе одлучува деветчленото тело најави градоначалникот на Центар, Адреј Жерновски, откако по жестоката расправа, Советот на Центар гласаше по одлуката на Жерновски за вето на двата плана./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

