Скопје
Утре и задутре целосно затворен за сообраќај дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов
Поради изведување градежни активности во среда и четврток целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и тоа од вкрстосување со улица Јуриј Гагарин до вкрстосување со улица Московска.
Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија со број 4А, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по булеварот 8-ми Септември, Булевар Партизански одреди и улица Московска. Во насока од Тафталиџе 2 кон Центар, ќе се движи по истата траса, но по обратна насока.
Автобусите од градските линии: 5 и 5А, во насока од Центар кон Ѓорче Петров, ќе бидат пренасочени преку булевар 8-ми Септември, булевар Партизански Одреди, улица Московска и продолжуваат по својата траса, по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, а во обратна насока ќе се движи по истата траса и при тоа ќе ги користат постоечките автобуски стојалишта. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

