Скопје
В недела, времен режим и на четири автобуски стојалишта

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот, дека во недела 16 август, поради изведување на градежни работи од страна на Градежниот институт Македонија АД Скопје, нема да се користат четири автобуски стојалишта.
Автобуско стојалиште пред ТЦ „Сити Мол“ во правец од Центар кон Ѓорче Петров во период од 8 до 9.30 часот.
Автобуско стојалиште кај Градска болница во правец од Тутунски комбинат кон Центар во период од 10-11.30 часот.
Автобуско стојалиште пред спортска сала Автокоманда и терминал на автобуска линија бр.2 во правец од Автокоманда кон Центар во период од 12 до 13.30 часот.
Автобуско стојалиште пред Шумарски факултет во правец од Автокоманда кон Центар во период од 14 до 15.30 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Карпош: Ќе биде казнет секој локал што има поставено дополнителни маси и столови од тоа што им е исцртано во елаборатот

Општина Карпош известува дека во наредниот период ќе се вршат засилени контроли од страна на сектор Инспекторат во попладневните и вечерните часови на урбаната опрема на територија на Општината.
„Ве опоменуваме дека секој локал кој ќе има поставено дополнителни маси и столици од тоа што им е исцртано во елаборатот за урбана опрема, ќе бидат веднаш казнети и ќе биде поведена постапка за отстранување на урбаната опрема како и времена забрана за поставување на истата“, велат од Општината.
Македонија
Без вода дел од Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-300мм на улицата Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:55 часот до санирање на дефектот.
Дефектот ќе се работи на 17.07.2025 од 09:00 часот.
Македонија
Делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Аеродром без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 12.30 часот, корисниците од булеварот Киро Глигоров, општина Гази Баба;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Козле од бр.143 до бр. 157, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улица Бистра, од улица Живко Фирфов до улица Гутенбергова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисницитеод улица Гутенбергова, од улица Бистра до улица Волтерова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улица Иван Цанкар (парни броеви), улица Франце Прешерн (непарни броеви) и улица Вангел Дину, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улица Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром.