Скопје
Викендов Цветен фестивал во Градски парк
Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ викендов во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“, ќе го организираат третиот по ред Скопски цветен фестивал 2016. Мотото на годинешниот фестивал е „1000 цвета за Скопје“.
Скопскиот цветен фестивал е мултимедијална манифестација која по трет пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците. Во текот на два фестивалски дена граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да се дружат на отворено и да се забавуваат. Покровител на фестивалот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а организатор е ЈП „Паркови и зеленило“. Градот Скопје за организацијата на третиот Скопски цветен фестивал издвои 3.000.000 денари. Цветниот фестивал ќе почне на 14 мај (сабота) во 10 часот со цветно дефиле во кое ќе учествуваат околу 450 деца од градинките и основните училишта, како и велосипедисти од неколку велосипедски здруженија. Дефилето ќе тргне од фонтаната „Лотосов цвет” во Градскиот парк и ќе заврши на локацијата предвидена за фестивалот, во вториот дел од Градскиот парк. Според програмата, третото издание на Скопскиот цветен фестивал ќе ги понуди следните содржини: 1. Цветен центар – претставување на фирми-излагачи од земјава и странство, чија дејност е од областа на хортикултурата и производството на цветен и саден материјал (Грин планет; Хорти дизајн; Китка; Розен центар Фоја; Пинар С; ЈП „Паркови и зеленило“; Флораком; СУГС „Ѓорѓи Димитров“; Хортикултура МК (портал за хортикултура); Шумарски факултет Скопје и други). 2. Креативни работилници и иновации – на цветниот фестивал ќе се организираат креативни работилници за сите возрасни групи: Мојот прв насаден цвет – работилница за деца и изработка на цветни оригами, венчиња од цвеќе, работилница за изработка на цветен аранжман, основи на фотографија, цртање и боење, драмски перформанси, ликовни работилници, Македонско Монтесори здружение.3. Дизајнирање цветна приказна – уредување на 3 до 5 цветни градини на определена површина. ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ги обнови градините од претходните години и ќе уреди уште две нови хортикултурни и цветни решенија. 4. Стручни совети за хортикултурно уредување – сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се информираат за одгледувањето цвеќе и да добијат корисни совети од професори и дипломци од Шумарскиот факултет, СУГС „Ѓорѓи Димитров“ (насока хортикултура) како и останати стручни лица со искуство во планирање, уредување и одржување на зелениот простор. 5. Зона на забава – забавни и едукативни игри, ритмички и танцови групи, јога, пилатес, музички групи, oтворена галерија, мултимедијални перформанси и тематски претстави.6. Еко пикник – место за одмор, релаксација, разговори, библиотека на отворено – разгледување и размена на списанија за уредување на надворешен простор. Вљубеници во пишаниот збор ќе читаат извадоци од книги проза и поезија. За посетителите, Скопскиот цветен фестивал ќе биде отворен од 10 до 20 часот на 14 мај (сабота) и од 10 до 18 часот, на 15 мај (недела). /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

