Скопје
Викендов ново прскање против комарци
Четвртиот наврат на авионската и терестричната дезинсекција во 2016 година, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 23.07.2016 (авионско) и 24.07.2016 (терестрично) на подрачјето на град Скопје.
Четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 23.07.2016 (сабота) и на 24.07.2016 (недела), во период од 05.30 до 10 часот.Четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 24.07.2016 до 28.07.2016 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

