Скопје
Вино Скоп 2015 од 30-ти септември до 4 октомври на паркингот кај Аквапарк

Најпознатиот македонски вински фестивал- Вино Скоп 2015, ќе се одржи од 30-ти септември до 4 октомври, традиционално по деветти пат.
Потврдено е учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино.
Како збогатување на богатата винска и гурманска понуда е и музиката за душа.
Настапуваат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус и многу други.
Поради тоа што фестивалот од година в година е се поголем, локацијата е променета. Вино Скоп 2015 ќе се одржи позади С.Р.Ц „Борис Трајковски“ на паркингот кај АкваПарк.
Фестивалот е во организација на „Темов“ и со поддршка од Град Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Центарци ќе можат да добијат субвенција од 30% од цената на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, како и субвенција за дополнителна опрема (детски седишта и кациги) до 1.000 денари.
Градоначалникот Горан Герасимовски, ги повикува жителите на Центар да го искористат овој повик и да изберат алтернативен, еколошки превоз. Тој информира дека повикот е отворен од 24 март 2025 година, а барањата ќе се обработуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.
„Возењето велосипед не е само начин на превоз, туку и здрав животен стил. Со секој поминат километар со велосипед или е-тротинет, придонесуваме за почист воздух, помалку метеж и поздрав живот. Нашата цел е да го поттикнеме користењето на овие превозни средства и да изградиме модерна, одржлива општина. Ги повикувам центарци да аплицираат за субвенција и да придонесеме за помал сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Поддржуваме здрави и одржливи транспортни навики“, истакнува Герасимовски.
Заинтересираните граѓани треба да поднесат барање со потребна документација: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка во оригинал и истата да ја достават во архивата на Општина Центар, барака бр.6, од 09.00 до 15.00 часот. Правото на субвенција е еднократно.
За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата.
Македонија
Неколку скопски населби денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 62 во Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 102, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците од Градовци, Тисовица, Гумалево, Пакошево, Спектар Комерц, Добрино, Дејковец, Ново Село, Пакошево, општина Зелениково;
– во периодот од 09.30 до 12.30 часот, дел од корисниците на ул. Александар Мартулков, Хром, општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Дрезденска, ул.Римска и ул. Анкарска, општина Карпош;
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од ул.Ѓорче Петров бр.168 и околните броеви, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Делови од Сарај, Кисела Вода, Гази Баба, Илинден и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 до 09:30 часот, корисниците од дел од с. Кондово. (Општина Сарај)
· од 09:00 до 11:0 часот, корисниците од дел од ул. Киро Фетак во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Благоја Стефковски, (во околина на куќен бр. 20). (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во месноста Бела Земја во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09:00 до 17:00 часот, корисниците од Викенд населбата и селото Побожје. (Општина Чучер Сандево)
· од 10:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од село Кучевиште. (Општина Чучер Сандево)
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Христио Татарчев – подулица бр.14. (Општина Кисела Вода)