Скопје
Виз Ер Скопски Маратон: Маратонците ќе ја добијат својата трка
Организаторот на Виз Ер Скопски Маратон донесе конечна одлука околу начините на коишто ќе им се оддолжи на учесниците и партнерите, волонтерите и сите љубители на оваа манифестација.
Имено првата донесена одлука вели дека, доколку се обезбедат сите услови потребни за организација на настан од ваков тип, ќе се одржи ревијална трка на 5км, предвидена за 20-ти септември и истата ќе биде отворена без надомест за сите учесници на маратонот, полумаратонот, штафетната трка како и за оние кои планираа да ги освојат 5-те километри низ Скопските улици на 10-ти Мај оваа година.
Сите регистрирани маратонци, полумаратонци, како и оние кои планираа да бидат дел од штафетната трка на овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон, во некоја од следните три години ќе можат да одберат кога и која трка ќе ја трчаат без котизација. Ќе може да се одбере помеѓу маратон, полу-маратон и штафетната трка.
Уште една новина, е соработката со „RunCzech”, кои се организатори на седум трки во Чешка,меѓу кои и познатиот Прашки маратон,кој на сите пријавени на овогодишниот Виз Ер Скопски Маратон во категоријата маратон, полумаратон или штафетен маратон ќе им овозможи бесплатно учество на некоја од трките на RunCzech кои ќе се одржат до крајот на оваа година. Иделна можност за сите заинтересирани би била полумаратонската трка во Усти над Лабем, каде што Run Czech и Виз Ер Скопски маратон ќе организираат специјална програма на денот на трката.
Организацискиот одбор на Виз Ер Скопски Маратон одлучи големите количества на храна кои беа обезбедени за натпреварувачите и волонтерите од компаниите Атлантик и Виталија, да ги донираат во хуманитарни цели, и тоа во: Армијата на РМ, Прифатилиштето за азиланти, Домот за рехабилитација за деца со попреченост во развој, Домот за воспитно запуштени деца 25-ти мај, Центар за демократски развој и иницијативи и Дневниот центар за деца од улица. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

