Скопје
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и стручната јавност беа прашани за градбите во Центар
Во Град Скопје секогаш имало јавни анкети во коишто и граѓаните и стручната јавност имале можност да го искажат своето мислење и став за градежните активности кои се преземаат и од доменот на нискоградбата и од доменот на високоградбата, реагираат до владејачката ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Зоран Заев и на Андреј Жерновски во врска со градбите во Центар.
Од владејачката партија велат дека градоначалниците на општините Центар и Струмица Андреј Жерновски и Зоран Заев, во недостиг од нивни идеи и проекти се занимаваат со тоа што е изградено и направено во Град Скопје.„За дрво, коешто за жал морало да биде исечено во Скопје во рамките на предвидениот раст на еден град кој мора да се покрие со инфраструктурни решенија, се засадени стотици нови. Со бројки, на територијата на град Скопје се засадени 60.000 нови дрва и се целосно возобновени или подигнати нови над 100.000 м2 под зелена површина. Улиците и булеварите се проширени за да овозможат подобро циркулирање на жителите на главниот град чиј број се зголемува заедно со бројот на моторни возила во Скопје. За да се одговори на овој раст, изградени се нови катни гаражи и целосно е возобновен возниот парк на ЈСП. Единствениот вистински метеж на кој заложници беа жителите на Град Скопје, не само на општина Центар, беше метежот кој го предизвикуваа камперите на опозицијата повеќе од 40 дена на една од главните сообраќајни артерии на главниот град“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.И од Град Скопје реагираа на прес-конференцијата на Заев и на Жерновски дека Град Скопје не е институцијата која која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради, туку тоа е Општеина Центар, а ќе гради приватен инвеститор.„Дополнително, не е точно тврдењето на Жерновски, кое упорно се обидува да го наметне во јавноста, дека станува збор за “транспортна улица” која се гради на кејот „13 Ноември“. Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим, која нема да биде сообраќајна и истата ќе биде уредена од плочки, а не од асфалт или слично на улицата „Никола Вапцаров“, велат од Град Скопје./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

