Скопје
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во гнев и немоќ го оштетува и руши тоа што е направено за градот
Локалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет со години работи за интересите на граѓаните на Скопје, реализирајќи голем број на проекти со кои директно им се подобрува квалитетот на животот.
Ова се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ, кој рече дека подобри би било парите наменети за Панорамско тркало да бидат пренаменети за гасификација на Скопје.„Во изминативе седум години проширени се голем број на улици, на потег со вкупна должина од околу 18 километри. Екипите на Градот Скопје во последниве шест години обновија (реконструираа) повеќе од 34 километри коловоз. Изградени се шест нови кружнин текови. Во моментов на терен се вршат градежни работи со вкупна вредност од околу 956 милиони денари. Се работи на проширување и пробивање на нови булевари на потег со вкупна должина од околу 7 километри“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ во гнев и немоќ го оштетува и руши тоа што е направено за градот и неговите жители“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст
Извор: ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

