Скопје
Во Ѓорче Петров масовно учествувo во акцијата „Македонија без отпад“
На повеќе локации во скопската општина Ѓорче Петров во саботата беа спроведeни акции за чистење отпад кој беше собиран во големи контејнери за одлагање на кабаст отпад.
Во акцијата беа вклучени месните и урбани заедници, градинката, основните училишта од општината, општинската администрација и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.
Акцијата со масовна излезеност се одвиваше според изработениот план и ги опфати основните училишта, градинките, зелените површини во општината, кејот на рeката Вардар, како и сите урбани и месни заедници.
Во училиштата беа одржани едукативно-еколошки работилници со учениците, а напоредно во училишните дворови се уредуваше просторот и се складираше стара хартија и пластичен отпад.
Јавните претпријатија беа активно вклучени на целата територија во Општина Ѓорче Петров, a нивното присуство беше неопходно за успешна реализација на акцијата. И градоначалникот Сокол Митровски директно се вклучи во акцијата и ги обиколи сите локации кадешто истата се спроведуваше. Како што рече, на негово огромно задоволство акцијата течеше во најдобар ред.
Митровски изјави дека е задоволен од активностите на учесниците во акцијата, а особено од личното ангажирање на граѓаните да се вклучат во собирањето отпад од јавните површини и беспрекорното одложување на непотребни предмети од своите домови на собирните пунктови.
Акцијата ќе продолжи и во попладневните часови со постојано присуство на општинските надлежни служби./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





