Скопје
Во Инџиково стигнаа пумпите за расчистување на поплавените подруми и дворови
Во скопско Инџиково, во вторник, се распределуваат пумпите што ќе ја извлечат насобраната вода од поплавените подруми и од дворовите на жителите.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија, беше во посета на населеното место Инџиково каде што е во тек акцијата за расчистување на последиците од катастрофалното невреме што пред три дена го зафати Скопје. „Во моментов се распределуваат 100-тина пумпи што ќе црпат вода од поплавените подруми и дворови во населеното место Инџиково. Во текот на денот очекуваме да пристигнат уште 250 пумпи, со што во Инџиково во функција ќе бидат ставени 350 пумпи за помош на граѓаните. Во текот на вчерашниот ден, овде работеа големите пумпи на Противпожарната бригада кои од колекторите ја исфрлаа водата во каналот во Инџиково. Каналот е веќе расчистен со механизација и ќе може да ја прифати извлечената вода од овие 350 пумпи што ќе ги расчистуваат поплавените подруми и дворовите на жителите на Инџиково. Денеска и утре очекуваме да бидат испразнети сите поплавени простории во Инџиково“, рече градоначалникот Трајановски.Во населените места Синѓелиќ и Стајковци ќе бидат распоредени по 350 пумпи.„Денеска во функција ќе бидат ставени вкупно 1.000 пумпи на подрачјето на загрозените населени места, обезбедени од Владата на Република Македонија. Значајно е и што со секоја пумпа ќе раководи по еден војник што ќе помогне во расчистувањето на просториите“, нагласи градоначалникот Коце Трајановски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




