Скопје
Во недела привремен сообраќаен режим на улицата Перо Наков

Во недела, 27-ми јули, во периодот од 8 до 15 часот екипи на општината Гази Баба ќе се изведуваат градежни активности – реконструкција на железничкиот премин на улицата „Перо Наков“ поради што на оваа делница сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено поставениот режим.
Автобусите на автобуската линија со број 23 ќе бидат пренасочени, и тоа од Маџари кон Центар ќе сообраќаат по улицата „Благоја Стефковски“, булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Киро Глигоро“в и обратно по истата траса, при што ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.
Скопските градски власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот режим на сообраќај./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)