Скопје
Во првата седмица од кампањата за безбедност во сообраќајот само во Скопје над илјада прекршоци
Од започнувањето на кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ на 12-ти септември во следните седум дена евидентирани се 1.030 сообраќајни прекршоци само на подрачјето на СВР Скопје, соопшти во неделата министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност во сообраќајот што го организираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од започнувањето на кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ на 12-ти септември во следните седум дена евидентирани се 1.030 сообраќајни прекршоци само на подрачјето на СВР Скопје, соопшти во неделата министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност во сообраќајот што го организираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Спецификацијата на регистрираните сообраќајни прекршоци покажува дека 47 возачи не го користеле сигурносниот појас за време на управувањето со возилото, 54 возачи за време на управувањето користеле мобилен телефон; 202 возачи возилата ги управувале со брзина поголема од пропишаната, 66 возачи управувале со возило под дејство на алкохол; 41 лице управувало со возило без возачка дозвола; 114 возачи управувале со возило по истек на важност на дозволата, или нерегистрирани возила, 15 возачи на мотоцикл, велосипед со мотор и мопед за време на управувањето на ја носеле заштитната кацига; а 29 пешаци минале надвор од обележан пешачкиот премени или на недозволен начин го поминале коловозот.
Нагласувајќи уште еднаш дека превентивното делување во насока на постојано зголемување на јавната свест и поголемата безбедност во сообраќајот остануваат едни од клучните приоритети на полицијата, министерката Јанкулоска посочи дека од почетокот на годинава до септември на подрачјето на Скопје се случиле 2.376 (2.685) сообраќајни несреќи што е намалување од 11,5 отсто во споредба со истиот период претходната 2013 година.
Инаку денешната манифестација по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност во сообраќајот, а наедно и како дел од генералната кампања на Владата „Почитувај ги правилата почитувај го животот“, имаше за цел да ги афирмира алтернативните и еколошки начини на сообраќај, односно користење велосипеди, градски превоз и сл, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

