Скопје
Времен сообраќаен режим на булеварот под Железничка станица
Поради замена на рабници, во сабота на сила ќе биде изменет режим на сообраќај на булеварот што поминува под Железничката станица во Скопје.
Поради замена на рабници, во сабота на сила ќе биде изменет режим на сообраќај на булеварот што поминува под Железничката станица во Скопје.
Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува сите учесници во сообраќајот дека во сабота (21.03.2015), од 8 часот наутро, ќе почне изведување на градежни работи за реконструкција на рабници и изградба на рампи на пешачки премини на дел од булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Аеродром, и тоа на дел од трасата што се протега под новата Железничка станица – Скопје.
На овој потег, сé до завршување на градежните работи ќе биде воведен изменет режим на сообраќај, па ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни кога возат, да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот и да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Почна новогодишната магија во нашите градинки, детската насмевка е најубавиот украс на празниците
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше дел од празничната магија на предновогодишниот концерт во ЈУДГ „Корчагин“ – објект „Пинокио“, каде што дечињата од објектите „Пинокио“ и „Палешка“ со искрена радост и насмевки посакаа добредојде на Новата 2026 година.
Со специјално подготвена приредба заедно со учениците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј под водство на проф. Маре Видевска, со традиционални новогодишни композиции, сценски точки и празничен дух, најмладите упатија новогодишни честитки и желби до најблиските, и до најомилениот лик, дарежливиот Дедо Мраз.

Герасимовски ги поздрави децата, родителите и вработените, им заблагодари за прекрасниот концерт, а најмладите ги израдува со новогодишни пакетчиња.

„Детската насмевка е најубавиот украс на празниците. Како градоначалник на Општина Центар, останувам целосно посветен на создавање услови за среќно детство и правилен развој на нашите најмили. Така било и така ќе остане“, порача Герасимовски.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)

