Скопје
Втората Боемска улица отворена со звуците на тамбурите

Бардот на староградската музика, Звонко Богдан, и македонската легенда, Нино Величковски, приредија вистински спектакл на отворањето на втората Боемска улица во Дебар Маало.
Повеќе од илјада присутни граѓани има можност во живо да ги слушнат најпознатите хитови на Богдан и Величковски, уживајќи во прекрасната новогодишна атмосфера на украсената Боемска. Настанот во организација на општина Центар беше целосно финансиски поддржан од домашните реномирани брендови Скопско, Тиквеш и Пелистерка.
Со греано вино и мезе приготвено од локалните ресторани, атмосферата беше совршена за безвременско уживање и дружба. На настанот пригоден говор и краток настап имаше македонскиот боем, пејач и композитор, Зафир Хаџиманов.
„Боемската улица ќе биде место каде граѓаните ќе може да уживаат во духот на старо Скопје. Со проектот е предвидено ограничено движење и паркирање на возилата по улицата, со што скопјани ќе добијат нова пешачка зона и можност за одмарање на под сенките на старите и нови костени“, информираат од општина Центар. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)