Скопје
Улица Македонија се трансформира во магично катче

Улица Македонија од сабота 24-ти декември, по повод осумдневниот Новогодишен базар „Подари среќа“ се трансформира во простор исполнет со магија и одушевување. Базарот ќе се отвори на 24-ти во 17.30 часот и ќе трае до 31-ви декември со пристигнувањето на Дедо Мраз во центарот на Скопје, кое е под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“.
Улица Македонија овие денови ќе биде место украсено и исполнето со божиќен и новогодишен амбиент, а дополнителната содржина, каде посетителите ќе можат да купат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи ќе биде само момент плус кој ќе го разбуди празничниот дух кај секого.
Новогодишниот базар вклучува и програма која носи голема радост на најмалите секој ден од 10.00 до 13.00 часот. За нив е организирана новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, претставата Брашко, дружење со Петко и магични настапи. Најголемото изненадување и најмногу радост на најмалите ќе им донесат интересните детски игри лоцирани во детското катче кое на дневно ниво има интересна и богата програма.
За забавниот дел, првиот ден со почеток во 18.30 часот ќе се погрижат Back Door Band и Sarah Mace. After-work забавите ќе бидат организирани секој работен ден во попладневните часови и ќе траат до 22.00 часот. За одличното расположение на посетителите во текот на целиот базар се организирани настапи на ConTruDј, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд, а музика ќе пуштаат Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и многу други познати македонски Ди Џеи. Сите забави ќе бидат надополнети со одлично греено вино, пиво, топли пијалоци и храна.
На 25-ти декември со почеток во 12.00 часот трета година по ред ќе се одржи Дедомразовската трка во организација на „Прв до врв“. Се очекува над 500 учесници да се натпреваруваат на патеката долга 2 километри.
Град Скопје ги поканува сите граѓани да го посетат базарот, да им подарат среќа на најблиските и пријателите и да уживаат во богатата програма./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)