Скопје
Започна Европската недела на движење
Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски во вторник свечено го промовираа започнувањето на Европската недела на движење, која од 16 до 22 септември ќе се спроведува низ државата и низ цела Европа.
Министерството за животна средина и просторно планирање е во улога на национален координатор, а за учество веќе се пријавени пет града и тоа: Битола, Берово, Струмица, Велес и Градот Скопје. Но, до крајот на неделата, која завршува со традиционалниот „Ден без автомобили“ се очекува вклучување на многу повеќе градови, компании, организации, институции и граѓани.
„Годинешново мото „Нашите улици, наш избор“ е порака која треба да допре до секој поединец и да не потсети дека, во каков град и во каква држава ќе живееме во голема мера зависи и од нас самите. Особено важно е да се потсетиме дека автомобилите треба да се користат одговорно, да се избира „паметен“ начин на транспорт, што би значело да се користат предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа да се води сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме. Размислувањето и бирањето на начинот на транспорт, значи почиста животна средина, намалена бучава, подобрено здравје, а најчесто и заштеден семеен, но и државен буџет“, изјави министерот Изаири во своето обраќање.
Посебни честитки беа упатени до Градот Скопје кој редовно се регистрира не само како учесник, туку аплицира и за годишна награда, рамо до рамо со другите европски метрополи и тоа не само за активностите по повод Европската недела на движење, туку и воопшто за ангажманот околу пронаоѓање и имплементирање на нови транспортни решенија, подобрување на условите за јавен превоз, обезбедување на велосипедски патеки и слични активности.
Активноста се реализира со поддршка на Европската Делегација во Република Македонија и Еу Инфо Центарот во Скопје. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




