Скопје
Започна проектот Растеме здраво, едукативни работилници за здрава храна за деца
Во вторникот Започна кампањата под името „Растеме здраво“ која е проект на шеф Огненовски во соработка со скопската општина Карпош и се состои од едукативни работилници за подигнување на свеста кај родителите за значењето на здравата исхрана и доближување на можностите за приготвување здрава храна за своите дечиња.
Со првата фаза ќе се опфатат сите градинки во Општина Карпош, а потоа проектот продолжува во основните училишта. Работилниците ќе ги предводи шеф Влатко Огненовски, кој е познат гастроном и готвач.
Во Форца кафе бар и ресторан, Шеф Огненовски и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски официјално ја претставија кампањата Растеме Здраво пред медиумите. Присутните имаа можност да се запознаат со проектот и воедно да ја дегустираат здравата храна приготвена од шеф Огненовски.
Сашо Лазаровски, претседател на Советот на Општина Карпош на прес-конференцијата изјави „На огромно задоволство на општина Карпош, овој проект ‘Растеме здраво’ започнува токму кај нас. Општината Карпош ги поддржува сите настани кои се однесуваат на најмладите категории и со овој проект ќе ги научиме како да го чуваат своето здравје и здраво да се хранат“.
,,Македонија изобилува со сезонски овошја и зеленчуци. Нашата земја има се што ќе посакате. Потребно е сите заедно да ја реставрираме традиционалната македонска кујна која содржи сезонски домашни состојки. На овие работилници ќе разговараме, ќе готвиме, ќе дегустираме вкусна и здрава храна“, рече познатиот шеф Влатко Огненовски на средбата со новинарите.
Првата работилница е во градинката „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе и продолжува во другите градинки во целата општина. Родителите кои ќе ги посетат овие работилници ќе добијат директни насоки за начинот на кој треба да ја приготват храната за своите деца, а ќе добијат прилика и да ја дегустираат истата. На крајот на секоја презентација, тие ќе добијат брошура со неделни рецепти, изготвена од шеф Огненовски. /крај/мф/вп
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

