Скопје
Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Драчево
Реконструкцијата на водоводната мрежа во Драчево почна во петокот, а градежните работи почнаа на улиците „Шиндаровска“ и „Сердарот“.
Реконструкцијата на водоводната мрежа во Драчево почна во петокот, а градежните работи почнаа на улиците „Шиндаровска“ и „Сердарот“.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој истакна дека со новата водоводна мрежа ќе се реши долгогодишниот проблем со снабдувањето со вода со кој се соочува драчевци.
„Со реконструкцијата на водоводната мрежа на улиците „Шиндаровска“ и „Сердарот“ жителите на овој дел од Драчево ќе добијат подобро и поквалитетно водоснабдување и ќе биде решен долгогодишниот проблем со слабиот притисок на водата со кој што се соочуваа граѓаните. На двете улици водоводната мрежа ќе се реконструира на вкупна должина од околу 860 метри, а градежните работи се очекува да завршат во септември. Станува збор за многу важен зафат на Градот Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ кој ќе придонесе за квалитетно водоснабдување на домаќинствата во Драчево“, рече Трајановски.
ЈП „Водовод и канализација“ за реконструкцијата ќе потроши околу 8,5 милиони денари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

