Скопје
Започна реконструкцијата на дел од улицата Кемал Сејфула
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Бутел, Петре Латиновски во среда го означија почетокот на градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата Кемал Сејфула во Чаир, на потегот од крстосницата со улицата Ферид Бајрам и Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Босна и Херцеговина.
„Станува збор за реконструкција на коловозот на дел од улицата Кемал Сејфула на потег со вкупна должина од 375 метри. Оваа реконструкција претставува продолжување на проектот за реконструкција на улицата Кемал Сејфула што Градот Скопје го реализираше во 2010 година, кога беше реконструирана улицата Кемал Сејфула на потегот од крстосницата со булеварот Џон Кенеди до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Ферид Бајрам. Сега, во текот на градежните работи на оваа делница од улицата Кемал Сејфула ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт, ќе се нивелираат 22 шахти и сливници, ќе се заменат оштетените рабници, каде што ќе се јави потреба ќе се засили и носечкиот слој, а потоа на коловозот ќе се нанесе нов асфалтен слој и ќе се обележи хоризонталната сигнализација, информираше Трајановски.
Тој рече дека реконструкцијата на оваа делница треба да заврши за еден месец, но ќе се направат напори истата да биде готова пред почетокот на училишната година.
Градоначалникот Латиновски изјави дека реконструкцијата на оваа улица претставува реализирање на ветување дадено на жителите од овој дел на градот.
„При редовните средби со жителите и со претставниците на урбаните заедници, реконструкцијата на овој дел од Кемал Сејфула е еден од проектите за кои добивме најмногу барања. Станува збор за исклучително важен проект, кој се реализира во вистински момент, бидејќи на овој дел од улицата Кемал Сејфула се лоцирани основното училиште „Петар Здравковски Пенко” и СУГС “Арсениј Јовков”, изјави Латиновски.
Реконструкцијата на оваа улица во голема мера ќе придонесе да се зголеми безбедноста во одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот.
Градежните работи за реконструкција на оваа делница од улицата Кемал Сејфула ќе ги изведуваат екипите на градежната компанија „ЈУ БАЈ“.
Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 4,5 милиони денари. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

