Скопје
Започна реконструкцијата на патот од Средно Водно до Нерези
Реконструкцијата на патот од Средно Водно до село Нерези, во должина од 4,5 километри, започна во сабота, при што ќе бидат инвестирани 14 милиони денари.
„Започнавме со уште еден проект по барање на жителите од Скопје. Се работи за реконструкција на регионалниот пат од Средно Водно кој води до Нерези во должина од 4,5 километри. Со реконструкцијата ќе се постави целосно нов асфалт или планираме да вградиме околу 100 тони асфалт. Вредноста на инвестицијата е 14 милиони денари. Очекуваме патот да биде завршен во рок од триесетина дена, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.Според скопскиот градоначалник Коце Трајановски, со реконструкцијата на овој патен правец скопјани ќе добијат сообраќајна делница со поголема безбедност.„Ние уште во 2009 година го реконструиравме овој пат, поставивме нова опрема. Сега со реконструкцијата дополнително ќе поставиме урбана опрема“, изјави Трајановски.Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов изјави дека до крај на годината ќе заврши изградбата и реконструкцијата на сите патни правци во Скопје и скопско и тоа кон Сончев град, и од Сопиште до Говрлево. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

