Скопје
Започнува кампањата за референдумот за скопскиот трговски центар „Излези за ГТЦ!“
Во понеделник, 6-ти април, во 20 часот во паркот „Жена – Борец”, во центарот на Скопје, официјално започнува камапањата „Излези за ГТЦ!“ во организација на иницијативата #ГоСакамГТЦ.
Во понеделник, 6-ти април, во 20 часот во паркот „Жена – Борец”, во центарот на Скопје, официјално започнува камапањата „Излези за ГТЦ!“ во организација на иницијативата #ГоСакамГТЦ.
На овој прв собир со граѓаните активистите на „Го сакам ГТЦ“ ќе ги повикаат граѓаните на Центар да гласаат „за задржување на автентичноста на симболот на Скопје„ на претстојниот референдум во Општина Центар. На настанот ќе говорат архитекти и активисти, а ќе има и богата музичка програма од музичари – поддржувачи: Ана Костовска и Симон Киселички, The John, Џака Накот, Бон Праскиза и Donplaya и други. „Успехот на првиот локален референдум во Македонија, од една страна ќе заштити културно наследство и гордост на Скопје, а од друга, ќе отвори пат за многу други низ останатите општини. Референдумот е најавтентична форма на директна демократија која што нашироко се користи во развиените земји. Им овозможува на граѓаните директно да се вклучат во носењето на политички одлуки и јасно да се изјаснат за одредено прашање“, се наведува во повикот на организаторите. Во случајов, како што се додава, тоа прашање е „задржувањето на автентичниот изглед на ГТЦ и граѓаните на Општина Центар на 26-ти април, недела, ќе можат да се изјаснат „За” или „Против”. Според организаторите, референдумот е обврзувачки за локалните и државните власти и неговиот успех е условен од излезноста, односно плус 50 отсто. Оттаму, од #ГоСакамГТЦ повикуваат на масовност и сплотеност меѓу граѓаните за што поголем одѕив. Иницијаторите во наредните три седмици дена ќе делат флаери, одржуваат средби со граѓани, ќе организираат настани низ Општина Центар и ГТЦ, „за да ги мотивираат граѓаните да излезат и да се изјаснат за сочувуњето на автентичните изглед и дух на гордоста на Скопје“.
Жителите на Општина Центар ќе гласаат на истите гласачки места како и на последните избори, а избирачкиот список може да се провери во просториите на општината или http://izbirackispisok.gov.mk//крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




