Скопје
Засаден парк за спомен на загубаните животи во сообраќајни незгоди
По повод 15 Ноември, Светскиот ден на сеќавање на жрвтите во сообраќајни незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, организира акција за уредување на спомен парк посветен на лицата кои оваа година го загубија животот во сообраќајни незгоди во Македонија.
Во паркот кој е лоциран на Средно Водно, се засадија 124 зимзелени дрвца како симбол на вечното сеќавање на загубените животи во сообраќајни незгоди. Паркот ќе го носи името „Парк на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и истиот ќе биде сведок на фаталните последици од сообраќајните незгоди.Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, посочи дека денешниот ден е ден во кој оддаваме почит и спомен на загинатите лица и се солидализираме со нивните најблиски.„Овој ден треба да не потсети дека одговорноста за загубените животи е заедничка одговорност на сите учесници во сообраќајот и единствено преку поголема совесност, дисциплина и одговорност може да придонесеме кон побезбеден и посигурен сообраќај. Исто така, испраќаме апел до сите граѓани кои на било кој начин учествуваат во сообраќајот да извлечат поука за важноста и потребата од одговорно учество во сообраќајот и за фаталните последици кои произлегуваат од неодоговорното учество во сообраќајот”, истакна Стаменковски.Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, информираше дека оваа недела во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жрвтите во сообраќајни незгоди, во сите верски храмови во Република Македонија ќе се одржи молибден за изгубените човечки животи на македонските патишта.Претставниците на верските заедници ќе ги повикаат своите верници преку почитување на сообраќајните правила и прописи да го почитуваат сопствениот животот и животот на останатите. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод Светкиот ден на сеќавање на жрвтите во сообраќaјни незгоди во текот на наредната недела ќе организира едукативни настани во повеќе градови низ Република Македонија, со цел подигнување на јавната свет за почитување на сообраќајните правила и прописи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

