Скопје
Засилени контроли за палење оган и флање отпад на 1 Мај

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај и деновите од продолжениот викенд да го поминат во природа да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.
Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај и деновите од продолжениот викенд да го поминат во природа да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.
Ова особено важи на местата како што се: Парк –шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места
Воедно ги информираме граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување и ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра, се вели во соопштението на Град Скопје./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)