Скопје
Затруените ученици од „Арсени Јовков“ во стабилна состојба
Петнаесет ученици и еден професор завршија во болница откако две непознати лица влегле во училиштето „Арсени Јовков“ во Скопје и според полицијата почнале да прскаат со солзавец. Затруените се во стабилна состојба.
Според првичните информаци на полицијата, откако лицата испрскале со спрејот, веднаш побегнале, по што 11 ученици и еден професор биле итно пренесени на токсикологија, а се жалеле на печење на очите, печење на грлото и иритирачка кашлица при што констатирани се телесни повреди од вдишување на непозната материја.Од токсикологија велат дека децата се стабилни и примиле терапија, а едно дете уште веднаш си заминало дома. Три други деца помош побарале во болницата „8 -ми септември“.Во училиштето беше направен полицискиот увид, а екипи на полицијата и менаџментот на училиштето повеќе часови беа во училишната зграда. Училиштето најверојатно ќе остане затворено за настава во четврток.Од СВР Скопје информираа дека во среда попладне група ученици излегле надвор од објектот и се пожалиле на печење во очите и грлото, а обезбедувањето веднаш повикало полиција, по што децата со брза помош биле пренесени на клиниката за токсикологија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

