Скопје
Завршува првиот серијал на Детскиот ЗОО Фест
Првиот серијал на Детскиот ЗОО Фест завршува оваа сабота, а ќе продолжи да се одржува во септември.
Првиот серијал на Детскиот ЗОО Фест завршува оваа сабота, а ќе продолжи да се одржува во септември.
Детскиот ЗОО Фест 2014 веќе седум саботи по ред се одржува во Зоолошката градина во Скопје. Фестивалот кој е наменет за најмладите, како дел од својата програма вклучува забавна музичка програма со децата од Поточиња, учење на нови модерни танци со танцовиот клуб Сонриса и едукација за животните во едукативното катче на Се за роденден.
Како специјални гости на фестивалот, во изминатите негови изданија беа Панчо и Андреј ДНК, Симона Попоска и Дарко Илиевски. Гостин на утрешното издание на фестивалот ќе биде Влатко Лозаноски кој ќе изведе дел од своите хитови.
Утре ќе се одржи последното издание на фестивалот од првиот серијал, а повторно ќе почне во септември и ќе трае сé до средината на октомври.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 03.11. до 09.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.

