Скопје
Зеленило и детско игралиште зад "Зелен пазар"
Општина Центар целосно ќе го реконструира тревникот околу станбените блокови зад “Зелен Пазар” (8000 м2), на потегот од булевар „11 Октомври“ до улица „Македонија“, ќе се засадат нови 2.300 садници, кои ќе се наводнуваат со автоматски систем приклучен на хидрантската парковска мрежа.
За поголема разиграност на просторот, планирани се неколку алпинетуми, формирани од различен вид садници, како и цветни леи со 3.000 петунии.Паркот ќе ја задржи убавината во текот на целата година, бидејќи ќе се посадат листопадни и зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривачи. На локацијата ќе има и 2 зимзелени магнолии, со бели цветови.„Старото и руинирано детско игралиште е веќе извадено. Тука децата ќе можат да си играат на нови и современи реквизити. За нивна поголема безбедност, ќе биде поставена и заштитна гумена подлога, која е лесна за чистење и за одржување. Со ова, општина Центар комплетно го реновираше целиот Градски ѕид. Во сите негови сегменти обновено е зеленилото, насадени се нови дрвја и цвеќе, поставен е систем за полевање и нови детски игралишта“, соопштуваат од Општина Центар./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

