Скопје
Жерновски: Ако новиот обвинител си ја врши работата, Груевски ќе мора веднаш да си даде оставка
Ако новиот специјален обвините, кој треба да ги провери наводно прислушуваните снимки од телефонски разговори на функицонери, ја врши работата и ако почне процесот, тогаш премиерот Никола Груевски ќе мора веднаш да си даде оставка, смета градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.
Ако новиот специјален обвините, кој треба да ги провери наводно прислушуваните снимки од телефонски разговори на функицонери, ја врши работата и ако почне процесот, тогаш премиерот Никола Груевски ќе мора веднаш да си даде оставка, смета градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.
Одоговарајќи на новинарско прашање, за неговите очекувања од новиот специјален обвинител и од потпишаниот договор во Пржино за надминување на политичката криза, градоначалникот Жерновски, рече дека во дипломатијата има два вида договори и компромис. Прво, кога двете страни се задоволни и второ, кога двете страни се незадоволни.„И двете страни имаат зошто да бидат незадоволни, но максимално стојам на располагање да помогнам во се’ што е потребно. Немам илузии дека новиот специјален обвинител ќе има одврзани раце, но ќе се покаже дали може се’ да се расчисти. Ако ја врши работата и ако почне процесот, тогаш Груевски ќе мора веднаш да си даде оставка. Ова ќе биде и порака до сите идни влади и премиери, дека сите незаконски дејства ќе бидат “чешлани“ и санкционирани“, рече Жерновски.За констатираните неправилности во објектот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ од страна на инспекцијата на општина Центар, Жерноски во вторник ќе испрати писмо до Град Скопје и државниот градежен инспектор со кое ги повикува, заедно со надлежните од општина Центар да излезат на терен и да ја констатираат состојбата.„Заедно треба да се увериме дали се работи за дивоградба. Чув дека обидот на инспекцијата да влезе во седиштето, кое не ни беше дозволено, бил политички потег. Затоа, ги повикувам надлежните од Град Скопје и државен градежен инспектор, да ја констатираме фактичката состојба на објектот. Доколку не ни одговорат, ќе постапиме како со секоја дивоградба, без разлика за која политичка партија се работи, дали на власт или опозиција. Нивното објаснување дека издадениот дел на влезната врата е урбана опрема е смешно, исто како што е смешно тврдењето дека галиите во Вардар се исто, урбана опрема. Ние нема да влегуваме како полиција, но ќе санкционираме се’ што е дивоградба. Чув дека ВМРО – ДПМНЕ изјавуваат дека објектот не е пуштен во употреба. Вчера партискиот врв во истиот објект имаше состанок. Не се работи за реваншизам, ако е дивоградба, ќе ја отстраниме. Се прашувам дали полицијата во овој случај ќе не’ заштити од луѓето кои евентуално би се собрале овде“, рече Жерновски.Тој, на денешната средба со новинари најави работно лето во Центар, при што рече дека ќе се градат детско игралиште кај „Агромеханика“ со површина од 250м2, пјацета и детско игралиште на ул. „Јоаким Крчовски“, во тек е обнова на зеленилото на бул. „Кочо Рацин“, изградба на ЈДУ „Кочо Рацин“ – матичен објект која е планирано да заврши во септември. Ќе се отвори и канцеларија за млади, која ќе биде и за сите млади, но и за невладините организации од цело Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

