Скопје
Жерновски до Трајановски: Не го узурпирајте дворот на ООУ „Кочо Рацин“
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски го повика скопскиот градоначалник Коце Трајановски да се откаже од узурпацијата на дел од дворот на Основното општинско училиште „Кочо Рацин“ заради проширувањето на улицата Водњанска.
Општина Центар добила известување од Град Скопје, дека со проширувањето на улицата „Водњанска“, ќе се навлезе до еден метар и седумдесет сантиметри во дворот на училиштето.„Станува збор за одобрение по спорниот ДУП „Тасино Чешмиче“, кој беше изгласан во Советот на општината незаконски и со недоволно мнозинство. Градоначалникот, поради штетните решенија за граѓаните, стави вето на примена на ДУП-от, но повторно беше ставен на седница на Советот. Одлуката на Советот, како незаконска, Жерновски ја обжали на Уставен суд, но Судот со мнозинство, се прогласи за ненадлежен“, се вели во соопштението од Општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




