Скопје
Жерновски и Заев ќе ги забранат улицата на кејот на Вардар и шпанските скали
Забрана за изградба на пристапна улица на кејот на Вардар, шпанските скали и други планирани градби во централното градско подрачје ќе донесе во вторник Советот на Општина Центар, на иницијатива на градоначалникот Андреј Жерновски.
Забрана за изградба на пристапна улица на кејот на Вардар, шпанските скали и други планирани градби во централното градско подрачје ќе донесе во вторник Советот на Општина Центар, на иницијатива на градоначалникот Андреј Жерновски.
„Прогласувањето на туристичка зона, апсолутно забранува секаков вид градби и се работи за појас којшто го ограничува кејот, улицата пред хотелот „Холидеј ин“, улицата пред парламентот, вклучувајќи ги скалите и секако овде кадешто завршуваат градбите до плоштадот во Скопје. Решенија мора да се изнајдат преку јавна дебата со граѓаните. Да помине улицата овде преку сите овие настрешници, кафулиеа, што се поставуваат во средина, апсолутно е дрскост и безобразие“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.Тој смета дека централното градско подрачје во Скопје станува сé попроблематично место на живеење.„Од бомбите, од прислушуваните разговори, чувме дека Никола Груевски е главен планер и архитект за градбите и спомениците во Скопје. За проектот ‘Скопје 2014’ нема анкета и граѓаните не се прашани за инвестицијата од 600 милиони евра. Сообраќајниот метеж, со ова, бидејќи нема инфраструктурна поставеност, дополнително се компликува. Ние од СДСМ, градоначалникот Жерновски и опозициските советници градиме партнерство со граѓаните“, рече Заев.Додаде дека пред очите на скопјани се сечат десетлетни дрвја и се уништуваат паркови.„Доаѓа време, кога власта ќе се врати кај граѓаните, бидејќи се работи за нашиот главен град. Не се работи за инает и реваншизам, туку за заеднички интереси. Решение мора да се изнајде, и тоа заедно со граѓаните, бидејќи дрскост и безобразие е тука на Кејот да се гради улица“, рече Заев.Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски посочи, дека небулозните градби и скулптури од проектот „Скопје 2014“ не им носат корист на граѓаните. На само две недели до назначувањето на новите министри, рече тој, има офанзива на нови градби од „Скопје 2014“.„Денеска на седница на Советот на општина Центар, ќе донесеме забрана за градба на овој потег, кој ја опфаќа и улицата на Кејот, но одлуката ќе ја опфати и изградбата на Шпанските скали, а не само на оваа небулозна улица. Нема да дозволиме и изградба на Шпански скали. Ја повикуваме власта да се откаже од изградбата на вакви градби, во спротивно ќе изгласаме забрана на истите. Упатуваме покана и до стручната јавност да се вклучи во ова, ги повикуваме и граѓаните и невладините организации, бидејќи ова е битка за интересот на граѓаните“, вели Жерновски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

