Скопје
Жерновски ја разреши директорката на ОУ „11-ти Октомври“ во Скопје
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во средата донел решение со кое ја разрешува Даниела Костадинова од должноста Директор на општинското основно училиште „11-ти Октомври“, соопштуваат од општина Центар.
„Советот на општина Центар во вторникот расправаше за состојбата во училиштето и констатираше сериозни нарушување на санитарно–хигиенската состојба, со што е загрозено здравјето на учениците. Градоначалникот ја утврди личната одговорност на директорката Даниела Костадинова за нанесената штета по здравјето на учениците и го донесе решението за нејзино разрешување, согласно член 133, став 2, алинеја 3 од Законот за основно образование“, соопштуваат од Центар.Градоначалникот Жерновски оценил дека директорката Костадинова, како одговорно лице за правилно и законито раководење на училиштето, ги занемарила своите законски обврски и должности и придонела за нарушување на санитарно хигиенската состојба и загрозување на здравјето на учениците./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

