Скопје
Жерновски на средба со пазарџиите и жителите кај Буњаковец
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, стручните служби од општината и невладиниот сектор, синоќа, во петок, беа на средба со жителите на Дебар Маало, во делот на пазарчето Буњаковец.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, стручните служби од општината и невладиниот сектор, синоќа, во петок, беа на средба со жителите на Дебар Маало, во делот на пазарчето Буњаковец.
Им беше презентиран нацрт-ДУП “Дебар Маало“. Јавната анкета за овој ДУП завршува во понеделник. Жителите на овој дел од Центар бараат Буњаковец да остане зелен пазар.
Жерновски и раководителот на Секторот за урбанизам и планирање, Бисера Јакимовска, им посочија дека Буњаковец ќе остане таков каков што тие сакаат, со можност да биде направена пристапна улица, која ќе излегува на булеварот „Партизански одреди“.
Жерновски имаше средби со дебармаалци за да им објасни што всушност е планот на општината и да ги слушне нивните желби и ставови. На просторот на ПУИГ, кој што владата го прогласи за “објект од посебен интерес”, за да може да гради комплекс на станбени објекти, општината ќе зацрта нова зелена површина, градинка и детско игралиште.
„По ниту една логика станбен објект или хотелски комплекс, кој што власта сака да го гради на место во градскиот парк, не може да бидат објекти од посебен интерес. Општинска административна зграда ниту планирам, ниту ќе градам. Што значи дека никаква 55 катница нема да никне во Дебар Маало. Треба да пополните што поголем број на анкетни ливчиња со Вашите ставови, од кои јасно се гледа дека на местото на ПУИГ и катни гаражи, сакате зеленило и дека се спротивставувате на уништување на животот во Дебар Маало со изградба на висококатници. Доколку Министерството за транспорт и врски не даде согласност за ДУП “Дебар Маало“, онаков каков што го предлага општина Центар и каков што сакаат жителите, пополнетите анкентни листови ќе бидат наш аргумент дека тоа е ставот на граѓаните, а нивниот став мора да се почитува. Затоа сите заедно, во едно заедничко движење, да и’ кажеме ‘не’ на урбаната мафија“, вели градоначалникот Жерновски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




