Скопје
Жерновски: Пазарчето „Буњаковец“ останува и се осовременува
Пазарчето „Буњаковец“ нема да биде отстрането и на негово место нема да се гради бензинска, како што деновиве протече информација во јавноста, рече во понеделник градоначалникот на скопската општина Центар, Андреј Жерновски.
„Можам да кажам дека во измените на ДУП-от е предвиден пристап на возилата до пазарот и подземно паркирање на истите, осовременување на пазарот, пробивање на улицата позади пазарот и влез-излез кон Партизанска“, рече Жерновски.Градоначалникот повика надлежните да дојдат и да испитаат дали во Центар има скандал.„Што сé ќе има на локацијата, ќе одлучуваат граѓаните на Центар. Јас нема да ги носам ДУП-овите во раните утрински часови, како што правеа тие. Има шпекулации дека намерно ДУП-овите ќе се носат во јули. Сите ДУП-ови кои ќе се носат во овој период, наместо во законски пропишаните десет дена, ќе бидат на јавна расправа цели два месеци“, рече Жерновски.Со наводното лицитирање со имиња кои ќе стопанисуваат со просторот, градоначалникот посочи дека земјиштето е во сопственост на АД „Скопски Пазар“ и тие ќе одлучат на кого ќе го дадат на стопанисување, а не општината.Планот „Дебар Маало 1“ не е донесен и следува негово разгледување.„Предлог ДУП-от беше поделен пред три недели на советниците и досега немаше никаква реакција. Дента, кога пишав писмо до министерот за внатрешни работи и прашав зошто и чија дивоградба МВР штити во Крњево, го измислија наводниот скандал“, рече Жерновски./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




