Скопје
Жерновски: Власта продава дел од Кале за 100 евра квадрат
На скопското Кале е огласено земјиште за продажба со почетна цена од 100 евра за метар квадратен, за изградба на објект во барокен или нео-класицистички стил, обвини во четврток градоначалникот на скопската општина Центар, Андреј Жерновски.
Тој рече дека поминала една година откако општина Центар најлегитимно поднесла документ со одлука донесена едногласно, без разлика на партиската припадност на општинските советници, со која се бара враќање во владение на неизграденото градежно земјиште.
Документот е поднесен до Министерството за транспорт и врски на 17-ти февруари, 2014-та година. Општината испрати и ургенција на 5-ти септември истата година, истакна Жерновски.
„Одговорот е јасен. Оние од власта, коишто се претставуваат како патриоти и домаќини, ја продадоа атрактивната парцела помеѓу арената ’Филип Втори’ и Паркот на франкофонијата во Градскиот парк за 40 евра по метар квадратен. Продавање на атрактивна земја за 40 евра е криминогено и безмилосно раскрчмување на атрактивно земјиште. Од првичните 2.420 денари, со наддавање почетната цена е, замислете, зголемена за цели 220 денари“, рече Жерновски.
Целата локација е со површина од 14.100 м2 но – рече Жерновски – тоа не е сé. „На скопското Кале е огласено земјиште за продажба со почетна цена од 100 евра за метар квадратен, за изградба на објект во барокен или нео-класицистички стил“, појасни градоначалникот на Центар.
„Повторно Владата го продава она што не е во нејзина приватна сопственост“, обвин Жерновски.
Според него, во интерес на општината е да се врати неизграденото градежно земјиште во владение на граѓаните./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

