Скопје
Жерновски: Власта промени четири закони оти не може да го прежали Центар
Очигледно власта не може да го прежали Центар. Донесоа четири измени на законите, кои се носат само за да се задоволат нечии интереси во Центар, рече градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со Закон за просторно и урбанистичко планирање, усвоен во вторникот.
“Ова е трагикомична одлука зошто ова не важи и за одлуките што се носат во Собрание на РМ. Ако одлуките се носат само со една третина, што е со гласовите на другите две третини од советниците. Очигледно власта не може да го прежали Центар. Донесоа четири измени на законите, кои се носат само за да се задоволат нечии интереси во Центар“, изјави Жерновски.
Тој додаде дека овој Закон треба да падне на Уставен Суд, но според него, тој суд е политизиран.
Градоначалникот на Центар најави дека на седница на Совет, по Нова Година, ќе предложи раскинување на договор за кредит за нова катна гаража.
“Немам намера да ја градам катната гаража. Таа не е од интерес на граѓаните. Убеден сум дека мнозинството граѓани повеќе сакаат нивните пари да бидат наменети за нови градинки и училишта, отколку за катни гаражи и споменици“, рече Жерновски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

