Скопје
Зимската служба на Град Скопје подготвена за расчистување на снегот
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во неделата го посети пунктот на зимската служба на главниот град во општината Кисела Вода, еден од двата пункта каде се сместени возила и сол за потребите на ова јавно претпријатие.
„Градот Скопје и оваа година подготвено ја дочекува зимата, чии служби се подготвени за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови“, рече скопскиот градоначалник.
Трајановски прецизираше дека годинава Град Скопје за справување со снежните врнежи и чистење на магистралните и на собирните улици кои се во надлежност на Градот, располага со повеќе од 30 возила и 2.500 тони сол, од кои 1.500 тони во пунктот во Кисела Вода а остатокот во Бутел.
„Покрај возилата на Јавнтоо претпријатие ‘Улици и патишта’, доколку се појави потреба, ќе биде ангажирана дополнителна градежна механизација. Во текот на денешниот ден екипите на зимската служба дејствуваа на територијата на Радишани, населбата Даме Груев и населените места во високите зони на Водно“, рече градоначалникот Трајановски.
Екипите на зимската служба во наредниот приод ќе ја следат состојбата во текот на 24 часа и ќе интервенираат секаде каде што ќе се појави потреба.
Скопските власти апелираат, исто така, до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

