Скопје
Журнал.мк реши да му го прости долгот на Општина Чаир
Компанијата Журнал одлучи на Општина Чаир да му го опрости долгот за услугите кои таа ги има набавено од новинската агенција Журнал.мк.
После многуте обиди во текот на цела една годна, за наплата на нашите средства, компанијата одлучи да ја амнистира општината и нејзиниот челник Изет Меџити, за долгот кои тие го имаат за услугите за рекламирање и огласување. „Журнал е свесен за тешката финансиска состојба на општините, но дека една општина како Чаир која никогаш не била наведена за финански пробеми, нема да биде во можност да исплати долг стар повеќе од една година, ова едноставно е за неверување. Дури и за сожалување.
Но ете Журнал, и покрај потребата на еден медиум за да преживе (далеку од нормално функционирање), одлучи да биде широкодушна и да отстапи од долгот кој Општина Чаир или е за сожалување и нема средства, или нема волја да го отпише. Затоа, Журнал одлучи средствата кои ги должат Чаир и г-дин Меџити да ги намени за акцијата Чаир без отпадоци“, се наведува во информацијата на компанијата која издава денвен весник и има информативен портал. Оттука го повикуваме јавно г-дин Меџити средстава кои му ги должи на нашата компанија да ги пренамени за почиста средина и за поуредни улици, кои во денови на дожд и невреме се претвораат во реки, се вели во соопштението на компанијата./kрaj/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Скопје
Кисела Вода го модернизира осветлувањето: LED светилки со паметен систем за контрола
Општина Кисела Вода продолжува со проектот за замена на уличните светилки, со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини.
Се работи во населбата Пинтија, во рамките на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор. Досега, се заменети над 2.400 светилки во населбите Пржино и Црниче. Со новите LED сијалици, осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на енергија во споредба со старите светилки, а нивниот век на траење е 4,2 пати подолг. Дополнително, светилките ќе се управуваат преку паметен систем, кој овозможува подобра контрола и ефективност.
Реализацијата на овој проектот кој се изведува во пет фази, обезбедува безбедни, современи и функционални улици, со пониска потрошувачка на енергија и долготрајни решенија за јавното осветлување во општина Кисела Вода.
Македонија
(Фото) Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти
Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при општина Кисела Вода, денес се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти.

Обуката е дел од континуираните активности на општината, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање современи услови за работа во училиштата, извести Општината.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека вложувањето во обуки за подготовка за европски проекти претставува значајна инвестиција во иднината на образованието.

– Со јакнење на знаењата и компетенциите на наставниците, создаваме основа за поквалитетна, иновативна и современа настава. Овие обуки им овозможуваат на училиштата да се развиваат, да разменуваат искуства и да бидат дел од пошироките европски образовни процеси, што на долг рок носи придобивки и за наставниците и за учениците, нагласи градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.



